| четврток, 6 декември 2018 |

На што укажуваат вашите заби

c-usta-do-calowania-64-881. Лошиот здив упатувана здравствени проблеми

Стоматолозите можат да ги идентификуваат различните здивови и нивното значење. „Овошниот” здив може да биде показател за неконтролиран дијабетес или строга диета, додека „рибиниот” здив е еден од знаците кој упатува на проблеми со бубрезите и црниот дроб. Ако здивот е навистина лош и тоа не престанува, тоа упатува на проблеми во гастроинтестиналниот тракт.

2. Ги грицкате ноктите

Штом фрли поглед на вашите истрошени заби ќе знае дека имате лоша навика да си ги гризете ноктите. Гризењето доведува до поместување на загризот и негово искривување. Интересно е тоа што за оваа штета всушност не се виновни ноктите, туку допирот на горните и долните заби до кој доаѓа кога ќе го гризнете нокотот.

3. Ви недостасуваат витамини

Недостатокот на витамини и минерали може да доведе до многу орални проблеми како синдром на горење на устата, инфекции, крварење на непцата. Недостатокот на железо во крвта е предизвикател на ранички во устата, а кај многу луѓе се забележуваат и промени на јазикот.

4. Пиете многу алкохолни, газирани и енергетски пијалаци

Алкохолот ја суши устата и на тој начин предизвикува зголемување на кариесот. Плунката обично ги неутрализира киселините кои ги внесуваме во устата и кои се штетни, но помалку плунка се произведува при големата консумација на алкохол. Секако, ќе ве предаде и вашиот здив. Газираните и енергетски пијалаци ги ослабуваат забите, ги прават „помеки” и поради тоа полесно се кршат. Енергетските пијалаци имаат многу повеќе киселини во себе од обичните газирани сокови и поради тоа се уште поштетни за забите и забната глеѓ.

zabi-450x322

5. Имате синусна инфекција

Често се случува да појдете кај стоматолог затоа што мислите дека ве боли забот, а на крајот се испоставува дека немате проблем со забите туку со синусите. Забоболката и воспаленијата или инфекциите на синусите имаат слични симптоми создаваат слично чувство на болка и притисок.
Постои едноставен тест со кој можете да проверите во што е проблемот кога ќе почувствувате болка во пределот на забите. Станете исправено, потоа свиткајте се и со рацете допрете ги прстите на нозете. Ако чувството на болка и притисок се зголеми, тогаш немате проблем со забите, туку со синусите, па подобро е да појдете на лекар.

6. Сте го цицале палецот како дете

Повеќето деца престануваат да го цицаат палецот уште во раната детска доба и затоа таа навика не остава никакви последици. Меѓутоа, оние кои го цицале палецот до почетокот на училиште, главно имаат проблеми во загризот кои се лесно воочливи, како испакнати предни заби.

7. Не користите забен конец

Многу луѓе имаат навика да ги исчистат забите со конец само пред одење на стоматолог. Меѓутоа, не можете да го измамите вашиот стоматолог и да тврдите дека тоа го правите секојдневно затоа што тој по состојбата на вашите непца ќе види дека тоа не е вистина. Имено, ќе ве издаде токму забното месо кое ќе крвари и ќе изгледа оштетено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top