Балканските ѕвезди Дино Мерлин и Гоца Тржан кои вечерва ќе настапат на затворањето на Пивофест во Прилеп денеска имаа можност да се прошетаат во Крушево и да го посетат гробот на Тоше Проески, пренесе Популарно.
Тие беа придружувани од градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и градоначалникот на општина Крушево, Ѓорги Дамчевски.
Во емотивната посета Мерлин и Тржан поставија свежо цвеќе на гробот на Проески, а потоа имаа специјална тура низ спомен-куќата на Тоше во Крушево.
– „Ова ми е првпат во Крушево и сум воодушевен! Навистина ми е жал што во животот ја немав шансата лично да се запознаам со Тоше Проески, но во оваа прошетка низ Крушево и низ спомен-куќата дознав многу убави работи за неговиот живот и можам само да кажам дека Тоше беше една од најголемите балкански ѕвезди“ – изјави Дино Мерлин.
Гоца Тржан емотивно ја доживеа посетата на гробот на Проески и не ги воздржуваше солзите.
– „Тоше беше прекрасна личност, добар другар, фасцинантен вокал, најдобар интерпретатор на македонските песни. Оваа посета беше емотивна за мене, затоа што навистина го сакав Тоше“ – додаде Тржан.
Инаку Дино Мерлин и Гоца Тржан се сместени во хотелот Монтана Палас во Крушево каде се дојдени со нивната екипа. 41-годишната Гоца Тржан ја придружува и нејзиниот 14 години помал вереник Радомир Новаќовиќ-Рашо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст