| четврток, 6 декември 2018 |

Нуклеарниот договор со Иран доставен до Конгресот на САД

stejt-departmen
Американскиот Стејт департмент соопшти дека денеска на усвојување во Конгресот на САД го доставил договорот за иранската нуклеарна програма, што го постигнаа Иран и шесте светски сили.

Во соопштението се посочува дека заедно со Договорот, до Конгерсот се доставени и анексите на основиот текст и останатите материјали поврзани со него.

Со денешто доставување на Договорот, од утре почнува 60-дневниот период во кој Конгресот треба да го разгледа и да се произнесе по документот.

На одобрување на Договорот се спротивуваат најголемот дел од републиканските конресмени, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, но и дел од претставниците на Демократската партија на американскиот претседател Барак Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top