| четврток, 6 декември 2018 |

Габриел: Дебатите за „грегзит“ треба за престанат

Greece imposes capital controls, closes banks
Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел повика на прекин на дебатите за можен излез на Грција од еврозоната.

– Ако постојано одново ја започнуваме оваа дебата, правиме чекори против Грција, со што нема да постигнеме никаков успех, изјави Габриел во интервју за телевизијата ЗДФ.

Тој нагласи дека во моментов е нецелисходно е да се зборува за т.н. „грегзит“, додавјќи дека евентуалниот излез на Грција од еврозната, Германија би ја чинел многу повеќе, отколку што се трошоците за спас на земјата.

– Она што ќе биде уште полошо е тоа што ќе станеме сведоци на настани, кои, според мене, ние како Европејци не би сакале да ги гледаме, додаде Габриел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top