
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, во драматична трка стигна до нова победа во Европскиот шампипонат на ридски патеки. Тој денеска славеше на патеката „Добшниски Копец” во Словачка со само две десетинки предност пред домашниот возач Властимил Мајерчак.
Стефановски трката ја заврши со време од 5:57.394 минути и постигна и нов апсолутен рекорд на патеката.
На третото место заврши Јири Лос кој целта ја мина за 6:02.721 минути.
За Иџе ова беше шеста победа во осумте трки за убедливо водство во Генералниот пласман со 165 бодови, 50 повеќе од Лос и 65 од Јаромир Мали (100).
До крајот на шампионатот остануваат уште четири трки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


