| четврток, 6 декември 2018 |

Капиталните едиции во продажба

Сите капитални едиции промовирани последните неколку години и сите поддржани изданија во Годишната програма на Министерството за култура, можат да се купат во пет библиотеки во Македонија. Делата се достапни во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во универзитетските библиотеки „Св. Климент Охридски“ од Битола и „Гоце Делчев“ од Штип и во библиотеките „Кочо Рацин“ од Тетово и „Григор Прличев“ од Охрид.

unnamed

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска информира дека иако овие едиции се дел од библиотечните фондови на националните институции, нивната интенција е книгите да бидат пуштени и во продажба за секој читател да може да си избере одредено издание од домашната и светска литература.

unnamed (1)

– Наша цел беше да ги доближиме врвните вредности на македонската и светската литература до читателската јавност, да обезбедиме соодветна литература која ќе го збогати образовниот и едукативниот процес, да го подигнеме нивото на интелектулна култура во нашата држава, рече Канческа-Милевска.

unnamed (2)

Од 1 јули дел од книгите можат да се купат одделно или да се купи цел комплет на десет месечни рати. Просечната цена на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 156 денари, а книга од едицијата „Превод на литературните дела на добитници на Нобелова награда за литература“ е 300 денари.

unnamed (3)

Таа информира дека проекти кое се во фаза на реализација се -Антологија на македонската поезија на шест светски јазици, Антологија на македонската литература за млади и деца, 50 книги за најпознатите светски битки, 50 книги од областа на здравиот живот, уметноста и архитектурата, 316 книги од едицијата Светско книжевно богатство,…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top