| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ се десет години во еуфорија и исто толку време губат

– СДСМ девет-десет години дигаат еуфорија, и толку во исто време губат. Девет избори изгубија. Дури во некои од изборите, пред самиот крај на резултатите беа во еуфорија – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија во интервју за “Нетпрес“.

Gruevski press bomba 6 (Custom)

– Битно е да се слави, битно е да се има еуфорија, битно е да се испрати сигнал до гласачите дека нешто се во предност, дека водат, дека ќе победат, дека сега еве нова власт ќе формираат и т.н. Тоа ќе си го кажат граѓаните на 24 април. Тие ќе го дадат својот суд, за сето ова што и се правеше на државата и на целиот народ, бидејќи народот зеложник во сиот овој период. Тие не’ знаат и нас и нив, ме знаат и мене во сиот овој период и во добри времиња и во тешки времиња, кога сме задржале стабилност кога имало најсурови кризи, и во светот и во Европа, некои од нив како што не се паметат, не’ знаат и во добри времиња, кога немало такви кризи, кога сме имале најголеми растови во економијата, не’ знаат во секаква варијанта, и нас и нив. И народот ќе си го каже своето. Нека летаат сега, нека глумат радост, нека глумат еуфорија. Ќе дојде време, работите ќе си дојдат на свое место – изјави Груевски за „Нетпрес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top