| четврток, 6 декември 2018 |

Проектите се одвиваа и за време на кризата

Ekonomska zona Bunardzik (8) (Custom)

– Кога има политичка криза, и кога првиот човек е дефокусиран, како јас еве како претседател на Владата, нормално е да еден дел од моето време го посветам на тоа, на менаџирање на тие состојби на обиди за решавање и невозможно е во исто време тоа време да се троши и за нешто друго. Проектите не запреа, тие се одвиваа во меѓувреме, но не со тој интензитет, со којшто јас посакувам, и со којшто мислам дека може да се движат. Сега откако сето тоа се надмина, се враќа интензитетот, се враќа притисокот од врвот, којшто се рефлектира по вертикала надолу, до целата администрација, и работите ќе добијат онаква динамика, каква што јас посакувам и каква што мислам дека треба да има и каква што имаше до пред појавата на оваа криза. Инаку, и за време на кризата, се одвиваа проектите, цело време останавме посветени на овие над 2.000 проекти, коишто ги имаме ветено во наата програма, но сега тоа ќе биде со позајакнат интензитет – изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ и Премиер Никола Груевски во интервју за „Нетпрес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top