| четврток, 6 декември 2018 |

Горештините го вжештија телефонот на Брза помош во Тетово

Зголемени се телефонските јавувања во Брза помош во Тетово, каде граѓаните бараат помош за нарушеното здравје, како последица на топлотниот бран.

брза-помош-сообраќајка

Оттаму велат дека здравствена помош бараат пациенти со нарушен кардиоваскуларен систем, но и со нервни болести. Се интервенира и кај здрави пациенти, кои поради работни обврски, се изложени на жешкото сонце во ударните термини од 10 до 18 часот.

Особено внимание за време на голема горештина треба да обрнат луѓето со пекумерна тежина и тие кои не се кондициски подготвени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top