| четврток, 6 декември 2018 |

Младоженецот и невестата поминале со полесни повреди

Младоженецот и невестата кои синоќа се удрија со автомобил на патот Охрид – Свети Наум, поминале без тешки повреди, пренесе „Макфакс“.

554434

Како што соопштуваат од СВР Охрид, триесет и четиригодишната сопатничка се здобила со полесни повреди и веднаш била пренесена во Општата болница, а по извршени прегледи е пуштена на домашно лекување.

По извршено алкотестирање кај возачот утврдено било дека е под дејство на алкохол, односно биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, одземена му е сообраќајната дозвола, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Несреќата се случила околу 22 часот кога автомобил „мазда“ со охридски регистарски таблици, при вклучувањето од споредниот пат кај Инекс Горица на регионалниот пат, удрил во електричен столб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top