| четврток, 6 декември 2018 |

Сите убавини на масажата на телото

Секојдневниот стрес, седечкиот начин на живот, намалената физичка активноста поради зголемената зависност од автомобилот, нездравата исхрана што доведува до покажување на килограмите.

masaza

Сето тоа води до деформација на ’рбетниот столб, стапалата, до забавен крвоток и метаболизам, односно до целосно нарушување на здравјето. Затоа, иако масажата ја сметаме како луксузен третман, со оглед на начинот на живот, неопходно е да си ја дозволиме.

Масажите имаат позитивно влијание врз стресот, анксиозноста и депресијата. За време на масирањето, на телото се создава чувство на смиреност, кое ги победува сите овие состојби на одредено време. Многубројни истражувања докажаат дека дури и 30-минутната масажа еднаш во текот на неделата може да ја спречи несоницата од која страдаат голем дел од луѓето, особено за време на летниот период. Масажата, исто така, е проверен начин за отстранување на болките. Нервите на грбот страдаат заради постојаното седење, па за нивно отпуштање неопходна е квалитетна масажа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top