| четврток, 6 декември 2018 |

Спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“ во Битола

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и амбасадорот на Државата Израел во Република Македонија, Дан Оријан денеска ќе откријат спомен плоча на столбовите од некогашната синагога „Кахал Португал“ во овој град.

bitola

Од општина Битола информираа дека со оваа активност локалната самоуправа дава директен придонес во одбележувањето на 20.-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Израел.

– В недела во градскиот парк во Битола, градоначалникот Талески и амбасадорот Оријан ќе откријат спомен плоча и ќе засадат дрво на пријателство и мирот. Посебни гости на настанот ќе бидат членовите на Националниот театар „Хабима“ и театар „Камери“ од Тел Авив кои во Битола ќе ја изведат заедничката копродукциска претстава „Нашиот клас“, како и новинари и публицисти од САД и Израел кои викендов ќе престојуваат во нашиот град, информираа од секторот за односи со јавност на општина Битола.

Претставата „Нашиот клас“ од Тадеус Слободјанек, беше изведена на Охридско лето, а освен во Битола ќе биде изведена и во Скопје, а потоа и на неколку театарски сцени во Албанија, Црна Гора и Србија. Тоа е проект поддржан од министерствата за култура и надворешни работи на државите од Балканот и Израел, потврдија од општина Битола, организатор на летниот фестивал „БитФест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top