Инспекциските служби на Управата за јавни приходи открија алкохол со сомнително потекло, без бандероли, којшто се служел на гостите. Од Управата не соопштуваат за кој угостителски објект се работи и во кој град. Повикани се мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.
Во рамките на засилените контроли на даночниците кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона, во два малопродажни објекти во Битола откриени се неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и не неиздавање на фискални сметки, поради што изречена им е парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.
„Во наредниот период, УЈП особено ќе се фокусира на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината“, соопштуваат од УЈП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот



