| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа за македонските одбојкари во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија во третиот дуел ја забележа првата победа оваа сезона во Европската лига. Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ совладан беше Израел со убедливи 3-0. 

Makedonija odbojka mazi

По слабата игра и двата пораза минатиот викенд од Естонија, избраниците на селекторот Жарко Ристоски прикажаа одлична партија препуштајќи му на противникот само 13 поени во првиот, 18 во вториот и 19 во третиот сет.
 
Денеска од 17 часот и 30 минути двете репрезентации ќе го одиграат втрориот меѓусебен дуел, исто така во СЦ „Борис Трајковски“.
 
На првиот вчерашен натпревар од А-групата, Естонија на домашен терен ја совлада Полска со 3:1.
 
Табела: Естонија 12 бодови, Полска 10, Австрија 8, Македонија 3, Данска 3 и Израел 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top