| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не треба да пиете вода со мраз на жештините?

Кога температурите се многу високи, не треба да се пие вода со мраз, препорачуваат лекарите, бидејќи има спротивен ефект на организмот од оној што го очекувате.

voda-so-mraz

Телото троши повеќе енергија на регулирање на температурата, отколку на варење и апсорбирање на хранливите елементи. Овој процес значи губење вода и дополнително загревање на телото.

Студената вода го успорува варењето, ги собира крвните садови и ја успорува хидратацијата на организмот.

Ако пиете многу студени пијалоци по оброкот, постои голема шанса да се разболете во лето. Оваа лоша навика влијае и на зголеменото лачење на плунката и намалување на имунитетот.

Кога ќе стекнете навика да пиете вода на собна температура, ќе го подобрите варењето во организамот и подобро ќе се чувстувате додека јадете и по оброците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top