Околу 34 милиони деца, пред се од најсиромашните слоеви во земјите зафатени со вооружени конфликти, не одат на училиште, соопшти Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).
Како што јави ТАСС, според податоците на УНЕСКО, за образование на децата во земјите зафатени од војна се потребни 2,3 милијарид долари, што е 10 пати повеќе од средствата за хуманитраната помош што им се достава за лицата во овие подрачја.
– Во земјите зафатени од војни постои двојно поголема веројатност децата да останат неписмени, отколку во државите во кои владее мир, посочува УНЕСКО во соопштението.
Според Организацијата, дури 90 проценти од девојчињата и 60 проценти од момчињата во конфиктните зони би можеле да останат без образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст