| четврток, 6 декември 2018 |

Нова социјална мрежа налик на Фејсбук без „грев и зло“

Бразилска група на евангелисти покрена социјална мрежа на која навредите и еротичните содржини во која било форма, како и содржини за хомосексуалноста се целосно забранети.

mrezafbsl

Создавачите на Facegloria тврдат дека сајтот досега имал над 100 000 корисници за само еден месец откако постои. Околу 600 зборови се забранети за користење, а наместо карактеристичното „лајк“ копче на Фејсбук со кое се изразува допаѓање за одредена објава, оваа страница има опција „амин“.

Facegloria засега е достапно само во Португалија, но не се исклучува можноста и за други јазици и мобилна апликација.

Бразил претставува една од најголемите држави со католичка популација.

„На Фејсбук има многу насилство и порнографија. Затоа и размисливме да создадеме мрежа каде ќе можеме да зборуваме за Бог, љубов и за ширење на Неговиот збор“, изјави веб-дизајнерот на платформата Atilla Barros.

За отпочнување на оваа идеја, тимот вложил 16 000 долари. Околу 20 волонтери го цензурираат негативниот јазик, ги забрануваат ризичните селфија, како и фотографиите во бикини костими за капење.

Слична социјална мрежа, но покрената од луѓе со муслиманска вероисповед е Unmaland и постои од 2013 година. Досега се приклучиле околу 329 000 членови. Оваа страница вклучува поголеми нагодувања за приватноста за жените и секојдневните исламски инспиративни мисли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top