| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломатската служба на ЕУ ќе потроши 2,9 милиони евра на луксуз

Европската надворешно-политичка служба – дипломатијата на Европска унија планира приеми во императорски стил поради што нарача луксузни сервиси од порцелан, сребро и кристал во вредност од 2,9 милиони евра, објави британскиот весник „Телеграф“.

kristal-servis-540x320

Весникот наведува дека со сервисите ќе може да се послужат 3.360 гости во централата на Европската надворешнополитичка служба во Брисел и во 140 нејзини претставништва во светот.

На секоја од чиниите, чашите и приборите ќе има златна гравура со знамето на ЕУ.

Службата е формирана со Договорот од Лисабон во 2009 година, а со неа раководи Федерика Могерини. Службата има персонал од 3.400 луѓе, десетици воени и цивилни мисии во целиот свет и буџет од 793 милиони евра. Службата беше во центарот на преговорите за иранската нуклеарна програма. Сега се подготвува за воена операција против илегалната трговија со луѓе во Либија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top