Новата студентска културна иницијатива „Отворен куфер“ денеска во 17.05 часот ќе ја промовира проекцијата на „Clockwork Orange“. Со овој филм започнува Филмскиот фестивал на Филозофскиот факултет. Инспирацијата потекнува од Филозофското филмско фестивалче, кое за жал не се одржува повеќе, но дел од студентите, преку оваа иницијатива, решија да ја продолжат филмската култура и да ги заживеат универзитетските простории. По проекцијата, која ќе можете да ја проследите на електронската лабораторија на Филозофскиот факултет, следува дискусија.
Инаку, „Отворен куфер“ е група формирана од страна на неколку студенти од институтите за психологија и за филозофија при Филозофскиот факултет. Според нив, културните активности на студентите и нивните можности за изразување се сведени на минимум, па затоа препорачуваат: „Да го отвориме заборавениот куфер и да го разбиеме мртвилото на нашите факултети… зашто на студентите им дојде ПРЕКУ КУФЕР!!!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст