| четврток, 6 декември 2018 |

За штетите од поплавата исплатени 52 милиони денари, следната недела уште 8 милиони

poplaviA-640x396-600x371

Станува збор 1.377 лица од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово и Кривогаштани. Следната недела на уште 323 лица од овие општини со одлука на Владата ќе им бидат исплатени уште 8 милиони денари.

Бирото за судски вештачења работи на проценка на штетите и во останатите општини погодени од поплавите.

Владата на Република Македонија донесе одлука за стоотстотно обештетување на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава. Освен штетите на граѓаните ќе се издвојат средства и за покривање на штетите настанати на локалната инфраструктура во општините зафатени од поплавите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top