Жителите од источна Македонија се жалат дека во вечерните часови мира немаат од комарците, објави „Телма“. Даниела Атанасова од штипската населба Стар Карорман вели дека веќе не знае како да се справи со овие инсекти ,бидејќи на местата каде што касаат веднаш се појавуваат отоци и црвенило на рацете и нозете на нејзините две ќерки. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за наезадата од комарци во источна Македонија. Во текот на вечерните часови граѓаните се справуваат со нив како знаат и умеат, секој во торбите има средство за заштита, а некои се уште го користат традиционалниот начин на бркање на комарците. 11- те општини од Брегалничкиот регион по неколку пати земјено и авионски извршија прскање против комарците. Досега акциите се без ефект. Градоначалниците велат дека за решение е потребна координирана акција.
Согласно препораките на Министерството за здравство, секоја општина е обврзана да го изврши прскањето. Комарците пренесуваат заразни болести меѓу кои и маларија, која кај нас ја нема, но во некои соседни земји сè уште не е искоренета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.