Најновата опција на „Фејсбук“ е „See first“ која им овозможува на корисниците да ја бираат содржината што ќе им се појави најгоре.
„See first“ алатката за новости на newsfeed е мала победа за корисниците кои немаат контрола врз информациите кои ги добиваат. Со оваа алатка ќе можат да ги бираат постовите кои им се приоритетни и сакаат да ги видат први. Постовите можат да бидат од пријатели или од страници на организации и бизниси.
Истите ќе се појавуваат со ѕвездичка во ќошот за корисникот да има преглед кои страници му се на „see first“ листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


