| четврток, 6 декември 2018 |

Кампот се полни, „Д фестивал“ почнува вечер

fotosoopstenie11

Со комплетно пополнети капацитети за сместување во цел Дојран и околината, очекуваме рекордна посета на петтиот јубилеен „Д Фестивал“, велат организаторите. Интересот е огромен, камперите веќе го наполнија прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран – нашиот официјален фестивалски камп, а според процените, посетата од странски туристи ќе биде најмалку десет пати поголема во споредба со минатата година.

Најголемиот број од странците доаѓаат од соседните земји, но најавени се многупосетители од Западна и Централна Европа.

Тридневните фестиваски влезници од денес ќе можат да се набават по цена од 800 денари. Дневните билети ќе чинат 350 денари за петок и сабота (17.07 и 18.07) и 450 ден за недела, 19.07.

Фестивалот чии билети имаат најниска цена во цела Европа, има програма по светски стандарди и логистички е подржан единствено од општина Дојран, без дополнителни субвенции од ниту една друга институција.

Дополнително, веќе и официјално сме единствениот и најнезависен камп во Македонија, на што сме особено горди.

Од денес, сите посетители ќе можат да ги подигнат своите карти на означените билетари од 10 часот до 2 по полноќ. Со цел да избегнеме метеж, најискрено ве замолуваме да ги подигнете своите фестивалски алки порано во денот, на една од билетарите на паркингот Гранит или пред фестивалскиот камп. 

Доколку веќе не сте ја замениле вашата карта со фестивалска алка, влезот во кампот и на главната сцена нема да ви биде дозволен по 2 часот по полноќ.

Ги молиме сите одговорни органи, возачи и совозачи, да внимаваат и да се грижат за безбедноста во сообраќајот, да возиме умерено, внимателно и со намалени брзини. Искрено веруваме и се надеваме дека следната година нашите барања, молби и реакции ќе бидат услишани и на патот на правецот Нов Дојран – Стар Дојран, ќе биде воведена забрана за движење на товарни и транспортни возила.

Мапа на камп:

DFestivalKamp

Фестивалскиот камп денес започнува со активности од попладне, а главната сцена ќе биде отворена од 19 часот.

ПРОГРАМА НА ГЛАВНА СЦЕНА за 17.07:

saatnica-za-soopshtenie-1-main

ПРОГРАМА ВО КАМП за 17.07:

saatnica-za-soopshtenie-1-kamp

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top