| четврток, 6 декември 2018 |

Народни обичаи: Што не треба, а што да прават муслиманските верници денеска

Рамазан Бајрам означува крај на едномесечниот пост и следат денови на радост – денови на Бајрам. Првиот ден од Рамазан Бајрам почнува со утринска молитва, а муслиманите денес разменуваат подароци и посети.

Рамазан Бајрам секогаш паѓа на 1. шевал (десеттиот месец од муслиманскиот календар) и трае три дена, а верниците го сметаат за „празник на положениот испит“. Постењето е една од петте темелни должности.

Народни обичаи

Првиот ден од Бајрам се поминува во кругот на семејството кое се собира кај најстарите членови. Вториот ден се посетуваат мезарите и воедно се одбележува и како Ден на шехидите (паднатите борци).

Третиот ден е предвиден за дружење со пријателите и познаниците, а во традицијата е вкоренето да се склопуваат пријателства каде и да било, како и да се залага за вистината.

Адаби (бонтон) за време на Бајрам:

– капење пред заминување на Бајрам намаз

– јадење пред Рамазан Бајрам намазот, јадење на Крубан Бајрам дури по намазот

– учење на текбирот на пат кон џамија и во неа

– облекување на најубавите алишта, намирисување и украсување

– заминување во џамија по еден пат, а враќање по друг пат

– посета на роднини и пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top