| четврток, 6 декември 2018 |

Продадени преку десет илјади билети за натпреварот Вардар – Апоел

Според информациите од канцелирајата на македонски фудбалски првак Вардар, до денеска се продадени половина од пуштените во продажба 20 илјади влезници.

– Вардар е на чекор до пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Потребна е победа во вторник, а за тое е потребна и поддршката од трибините. Навивачите се нашиот 12-ти играч, а ние посакуваме полн стадион и добра атмосфера. Како одминува времето, интересот и возбудата е се поголема, информираат од ФК Вардар со напомена дека веќе се продадени десетина илајди билети.
Ако на тоа се додадат и најверните навивачи „Комитите“ за кои е резервирана Западната трибина за која не се продаваат билети, се очекува Арената „Филип Втори“ по подолго време да биде исполнета.
 Имаме историска шанса да се пласираме во следната фаза во Лигата на шампионите. Вардар има големи амбиции и цели, а поддршката веруваме дека нема да изостане. Полни трибини обоени во „црвено-црно“ е нашата желба. Исполнете ја, а ние ветуваме дека со добра игра ќе се обидеме да го продолжиме европскиот пат, апелира раководството на најтрофејниот македонски клуб.
Реваншот од 2.коло во квалификациите за ЛШ меѓу Вардар и АПОЕЛ е закажан за 21 јули со почеток од 20 часот на „Филип Втори“ во Скопје.
Првиот меч во Никозија одигран во вторникот заврши 0:0, па на Вардар му е доволна и минимална победа за пласман во следната фаза. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top