| четврток, 6 декември 2018 |

Повисоко ДДВ во Грција, најмногу ќе влијае на храната во маркетите и во рестораните

Новото зголемување на ДДВ во Грција ќе се применува од 20 јули за да се обезбеди непречена транзиција кон новиот курс, соопшти грчкото Министерство за финансии.

Измените ќе влијаат на производи и услуги кои се движат кон повисока даночна стапка – од 13 до 23 проценти, како што се пакувани храни, ресторани и кафетерии, и билетите за јавен превоз.

Министерството појасни дека порастот на хотелскиот ДДВ од 6,5 проценти до 13 проценти ќе стапи во сила на 1 октомври, а на истиот датум ќе биде укинат и намалениот ДДВ на популарните острови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top