| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Специјалниот обвинител нема да го замени Јавниот обвинител во Македонија

Изолација на земјата, јавно обвинување на виновникот од можниот неуспех да се постигне договор, исфрлање на Македонија од евро-атлантската патека, недипломатски притисок и зборови, се било на маса при преговорите што вчера успешно завршија во Македонија меѓу политичките лидери со цел ставање крај на политичката криза во земјата, пренесе МИА.

Europaflagge

Ова денеска за дописникот на МИА од Брисел го појаснуваат од Европската унија, според кои политичките лидери ја донеле Македонија до работ на стабилност во политичка смисла, но и на работ во однос на поширок дестабилизрачки фактор, кога станува збор за однос од меѓуетнички димензии.

Како што велат од официјален Брисел, сега има олеснет конечен договор во средата што е дел од договорот постигнат на 2-ри јуни. Важно е дека ова не е само издвоена работа, туку последна поента од договорот од 2-ри јуни, а кој пред се се однесува на организација на Влада што ќе ги организира изборите што ќе се одржат кон крајот на април 2016 година. Според Брисел, се работи за поделба на власта, при што комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан успеа да издејствува балансиран договор што е добро за двете страни (власт и опозиција), но најважно тој е добар за земјата. Причината е што Македонија, според Брисел се најде во деликатна политичка ситуација и со ова земјата се враќа не само на евро-атлантските интеграции, туку и на структурните рефори.

За ЕУ, од Протоколот кој беше потпишан вчера изутрина, најважни точки се тоа што СДСМ ќе се врати на 1 септември во парламентот, што е витално за легитимизирање на институциите на земјата. Исто така, Протоколот предвидува дека на 20 октомври ќе има промени во сегашната Влада, па така министер за внатрешни работи ќе биде избран по номинација на СДСМ, но со консултации со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ. Истиот ден, ќе биде избран и технички министер за труд и социјална политика и пет нови заменици-министри што ќе имаат двоен клуч во министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за финансии, земјоделство и во министерството за информатичко општество и администрација.

Во ЕУ сметаат дека е важно да се креира транспарентност во министерствата, не тие само да бидат партиски, а и двете страни на островот, т.е. и министрите и замениците во овие министерства ќе имаат можност за предглед и вето на одлуката на претставникот на другата партија во однос на организација на изборите. Целта било да се избегне нешто од минатото во однос на тоа дека министерствата се трошат и играат партиска улога во изборите. На овој начин, истите ќе имаат двојна брава, па замениците-министри ќе имаат право на преглед и вето на одлуките во министерствата.

Како најглавна точка од Договорот за Брисел е петтата точка од Протоколот, а тоа е дека сегашната македонска Влада ќе поднесе формална оставка во парламентот за да се направи пат и да има време за избор на нова Влада што ќе влезе во канцелариите до 15 јануари 2016 година, што е точно 100 дена пред изборите кои се закажани догодина на 24 април. Новата влада ќе ја води нов премиер и ова според присутни на преговорите од страна на Унијата, било критична точка за опозицијата. Според нив, премиерот Никола Груевски ќе мора да даде оставка до 15 јануари и новиот премиер ќе биде номиниран според законските процедури, но од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа нова техничка Влада ќе има за задача и програма само за организација на изборите.

Извори од Унијата брифираат дека интенцијата не е да се креира политички прекин на огнот, туку деполитизација на институциите пред изборите, односно 100 дена пред одржувањето на истите. Ова правило за оставка на актуелната Влада на 100 дена пред изборите ќе стане генерално правило во иднина и политичките лидери се обврзале да ги направат потребните правни промени за да истото може да стапи на сила. Ова, според Брисел е враќање на земјата на институционалната демократија, а оваа техничка фаза станува генерално правило. А, за тоа зошто токму 100 дена пред изборите да се случи оставка на Владата и заминување на премиерот, се напоменува дека Груевски инсистирал да остане подолго, а дека опозицијата сакала таква оставка да се случи порано.

Како последна и многу важна точка во однос на Протоколот на договорот од 2-ри јуни е именувањето на Специјален обвинител до 15 септември. Истиот ќе биде одговорен и автономен да води истраги за деталите од пресретнувањето на комуникациите, односо за аферата со прислушкувањето. Тој, според Брисел ќе биде именуван со заеднички договор на двете политички страни во земјата и целата оваа операција, според комесарот Хан не е само за градење и заштита на политичката стабилност, туку и за земјата да се врати на демократијата и владеењето на правото.

Европската комисија одблиску ќе ја следи имплементацијата на тоа како се спроведува договорот низ фазите, а прво е она што ќе се случува следната недела во Брисел, а тоа е Асоцијацискиот совет на Европската унија со Република Македонија. Исто така, предвидено е Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) да продолжи во средината на септември, а „најголемиот стап” официјален Брисел ќе го извади во средината на октомври со редовниот прогрес-извештај на Еврокомисијата за земјите од процесот на проширување, меѓу кои и за Македонија.

– Истиот е дамоклов меч на Брисел и македонските полиички лидери знаеја дека сме сериозни за тоа. До договорот во вторникот, тешко беше да се види како ЕК може да ја повтори позицијата од ланскиот извештај. Сега, овој договор дава надеж и е база за да се овозможат за земјата попозитивни заклучоци. Сепак, текстот се уште треба да се имплементира, да се остварат кредибилни реформи и целосна имплементација на договорот, посочува висок извор од ЕУ за МИА.

Во Брисел велат дека ова е последна шанса за Македонија да се врати на европската и атлантската интеграција и дека и други силни играчи од меѓународната заедница им ставиле јасно до знаење на политичките лидери во Скопје, дека со кризата се загрозува не само интеграцискиот процес кон ЕУ, туку и процесот на пристапување во НАТО и дека ако овој договор не се имплементира, дека тогаш земјата ќе отпадне и од интеграцијата во Северната алијанса.

Од ЕУ информираат и дека лидерите во Скопје добивале многу недипломатски пораки од нив, но и од претставници на САД, НАТО и други меѓународни организации. Имало едногласна тврда линија што ги убедила лидерите дека е време да превземат чекори и да го имплементираат договор и тоа е најважно.

– Договорот е специфичен и јасен и никому не се дава шанса за погрешно интерпретирање. Судејќи според реалистичните политички потези во Скопје, ова е шанса за сите нив и ние ќе ги притискаме следниот период да го имплементираат договорот, додава високиот изворот од ЕУ.

За тоа дали Специјалниот обвинител ќе биде замена за постојниот Јавен обвинител на Република Македонија или не и каква ќе биде неговата улога, изворот од ЕУ потенцира дека се работи за Специјален обвинител, кој нема да го замени Јавниот обвинител во Европската унија се јасни. Имено, според Брисел, Специјалниот обвинител е нов обвинител и такво нешто е можно оти според Уставот на Македонија во земјата има главен обвинител и секторски обвинители, а институција на специјален обвинител не е непоната за земји со функционален правен систем. Улогата на Специјалниот обвинител ќе биде да води истрага за наводите од прислушкуваните разговори и тоа според Брисел е нов обвинител, но не главен јавен обвинител.

Инаку, вчерашниот договор од Скопје има само четири потписи, а не пет, седум, осум или десет потписи и истиот, потенцираат во ЕУ и дека истиот е договор на четирите лидери на главните политички партии во Македонија. Тој, според нив е договор на лидерите, а ЕУ брутално и недипломатски ќе ги тера да се држат до истиот.

Според официјален Брисел, договорот мора да се имплементира во добра волја и ако некој се обиде да направи нешто лошо со истиот, тој ќе си наштети себеси, политички и лично, но и ќе нанесе штета на Македонија. А, комесарот Хан е убеден дека сите се свесни за сериозноста од имплементацијата на договорот и нема можност за поинаква интрепретација, бидејќи датумите, планот и содржината на договорот се јасни. Во тој поглед, во понеделник ќе има Асоцијативен совет, потоа Еврокомисијата ќе го издаде во октомври и прогрес-извештајот и во меѓувреме ќе мери и затоа сите алатки се таму, а најважен е ризикот да се отпадне од евро-атлантската патека и тоа во Брисел сметаат дека е разбрано од сите институционални играчи и лидери во Македонија.

За изјавата на комесарот Хан по успешните преговори дека сега и “оние земји што ја блокирале Македонија и имале негативни потеи кон земјата, повеќе нема да го прават” и дали истата значи дека Грција нема да го блокира зачленувањето на Македонија во НАТО и отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ, во Брисел сметаат дека е јасно дека Унијата има најдобро ниво на демократски, правни и економски реформи за земјите во регионот додека тие преговараат. Според него, во процесот на преговори со земјата е најдобро да се разменуваат искуства, па затоа во интерес на ЕУ и на земјите-членки е да се надминат пречките што не дозволуваат да започнат преговорите со Македонија.

Но, во моментов има позитивен моментум што во Европската комисија имаат намера да го градат врз договорот од 15 јули, а земјите-членки да искористат за позитивна динамика во односите со Македонија и при решавањето на билатералните прашања кои пречат. Сепак, во ЕУ веќе гледаат дека на билатерално ниво, Атина и Скопје имаат изненадувачки конструктивни односи последните месевици, што кулминираше и со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас посета на Скопје и јасно изразените политички интенции и волја од грчка страна. Затоа, целта е да се искористи моментумот и да се овозможи Македонија да напредува на евро-атлантскиот пат.

Во однос на самите преговори, според дел од учесниците на истите, крајниот пакет е направен да биде атрактивен за двете страни и истите да сфатат дека природата на преговорите е дека не можат се да имаат. “Не може едните да бидат фраери, а другите идиоти”, била забелешката на еден од посреднциите од ЕУ на преговорите. Сепак, пред крајот на преговорите, во средата изутрина, комесарот Хан бил кристално јасен дека политичките лидери прават голем ризик ако ја отрфрлат неверојатната шанса за земјата и за нив.

Во Брисел се толку договорот дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се победници. Според нив, социјалдемократите добиле двајца министри во Владата, предвремени избори и оставка на премиер. А, од перспектива на Владата, ВМРО-ДПМНЕ се влеи во Брисел дека е во тешка ситација, па договорот дава можност да се религитимизираат преку фер и демократски процес, под опсервација на меѓународната заедница.

– Ова е добар договор за двете страни, а алтернативата беше полоша. Хан и ЕУ-претставниците беа подготвени да обзнанат и објават јавно кој го урнал договорот, ако не успееја преговорите, посочува изворот од ЕУ за МИА.

Инаку, според Брисел, изборот на Специјален обвинител ќе треба да се направи низ легална процедура што партиите треба да ја решат. Истиот ќе има целосна автономија да ги води истрагите за аудио-снимките, а неговата улога и времетраење ќе зависи од истрагите, но дека истиот нема краен рок до кога треба да работи и дека неговата улога може и да не престане со изборите на 24 април 2016 година. Имено, токму во препораките за итни реформи, како што велат во Брисел, за владеењето на правото во Македонија, Европската комисија има сериозни забелешки. Препораките се нарекуваат “најтежок документ на ЕК” што досега е издаден, дека со истите, Брисел не бил многу дипломатичен. Затоа, Специјалниот обвинител се очекува да се посвети ина истото, со цел да се исполни желбата на Комисијата за итна, квалитетна и автономна истрага за прислушкуваните разговори.

Во Брисел велат дека комесарот Хан им ставил до знаење на македонските политичари дека Македонија има проблем и со мигрантите, со странските директни инвестиции кои паѓаат поради политичката нестабилност и тој напоменал дека има ризик од дополнително комплицирањеи дека затоа договорот е ид национална итност, дека кризата влијае на странскиот фактор и дека ако лидерите продолжат така дека тие ќе заборават што е важно за граѓаните и земјата, на економијата, миграцијата итн.

Она што е најважно е дека, во Европската унија сметаат дека политичкиот договор во Македонија нема лимитирана важност и истиот не истекува на 24 април 2016 година. Истиот оди и над тоа, тој е рамка за државата да работи на реформите и тој дава последна шанса за Македонија да се врати на патеките и да напредува. Наводно, последните две години од политичката криза во земјата овозможиле некои земји-членки на ЕУ да ги убедат да ја сменат политиката од прехтодно.

Во Европската комисија размислуваат дека доколку Македонија се врати на евро-атлантската патека, дека тоа ќе и отежне на Грција и “некои од другите земји-членки на ЕУ што се кријат зад неа” да поентира во обралзожувањето на причините за блокада на земјата. Како и да е Брисел нема гаранции дека со априлскиот договор ќе се придвижат македонските евроинтеграции, но дека има позитивен билатерален моментум со Грција кој треба да се искористи, посебно откако е “средена куќата”.

Сепак, она што е интересно е дека во Еврокомисијата сметаат дека договорот за крај на политичката криза во Македонија е обезбеден релативно брзо, во споредба со тоа што во светот и во Европа има процеси на преговори што траат со децении. Тоа е обезбедено со побрутален притисок, но и со објаснување на политичките партии дека се неколку центиметри од отфрлање за одредено време на евроатлантската перспектива на земјата. А, за Европската унија, овој договор е македонски и Брисел не е повеќе во преговарачка фаза, договорот е јасен и детализиран во однос на содржината и роковите и не може погрешно да се интепретира.

Обвинувањата од опозициската СДСМ дека комесарот Хан бил пристрасен кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во Брисел ги посочуваат како “очаен обид на некој да го урне процесот”, но дека Зоран Заев ставил јасно до знаење дека го признава и почитува она што го правел Хан во преговорите. За ЕУ е важно и тоа што на макеоднските граѓани им олесна со договорот и затоа и истиот е набрзо направен јавен, иако некои од преговарачите сакале тој да не биде цлеосно ставен на увид на јавноста.

За тоа дали во работата на Специјалниот обвинител ќе влезе и случајот “Пуч”, што значи дека судскиот процес што наскоро треба да започне ќе мора д абиде отповикан, во Брисел не сакаат да коментираат индивидуални случаи на суд, но посочуваат дека е важно Македонија да се врати на патеката, дека обвинувањата од прислушкувањето се сериозни, но како ќе се организира нивното решение не е работа на ЕУ. Сепак, посочуваат дека во договорот “се гледа одговорот на тоа прашање”, а изборите што ќе бидат силно набљудувани од меѓународната заедница и пред се ОБСЕ/ОДИХР ќе стават крај на целиот кризен процес.

– Целата поента за вмешувањето на ЕУ во разрешувањето на македонската криза е тоа што Унијата не може да си дозволи мек стомак во Европа и тоа се однесува на сите земји. ЕУ не може да дозволи во својата близина да има политички и економски нестабилни земји, под миграторски притисок, извозник на нестабилност, наведуваат во Брисел.

Унијата смета дека проширувањето не е социјална работа и хуманитарна помош, туку тоа е стратешки важно за неа бидејќи не може да се смени географијата и ЕУ да не е заинтересирана за Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и другите од Балканот. Во Брисел сметаат дека ако на овие земји не им се помогне, дека тогаш ќе се почне со увоз на проблеми, а пример е напливот на економски мигранти од Косово на почетокот на годинава во земјите-членки на Унијата.

Како и да е, клучно за Брисел е тоа што ЕУ нема намера да ја микроменаџира Македонија и дека политичкиот договор е на земјата и истиот не е наметнат од страна, ниту некој друг освен партиите во земјата може исито да го имплементира. Всушност, макро-аргументот што направил разлика за преговорите во Скопје да успеат бил тој на комесарот Хан, кој им рекол на лидерите дека “Ако нема договор сега, ќе има хаос и земјата и нејзиниот политички систем веќе нема сериозно да се разбираат. Не е време за игри, туку за сериозност и лидерство”.

Исто така, Хан бил јасен и кон албанските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети, кои според Брисел биле конструктивни во преговорите, во смисла дека меѓуетничка димензија е понатамошен ризичен фактор. Во ЕУ се размислува дека ако Македонија се придвижеше кон изолација, ќе имаше поголем ризик не од меѓуетнички тензии, туку од меѓуетнички прашања “Што понатаму”? Во тој случај се очекувало дека Албанците во земјата би престанале да бидат конструктивни, па во тој контекст се споменува и изјавата на лидерот на ДУИ дека ќе се повлече од владината коалиција без договор.

За крај, соговорниците на дописникот на МИА од Европската унија велат дека македонскиот политички договор во себе ги врамува и реформите од итните препораки на Европската комисија, вклучително и слобода на медиумите и улогата на граѓанските општества. Во тој поглед, претставниците на НВО-ата ќе бидат присутни и на обновениот Пристапен дијалог со ЕУ во септември, додека неформалното отворање на скрининг-процесот за поглавјата 23 и 24 (судство и владеење на правото, слобода на медиумите…) всушност ќе се случи со псовета на мерките за итни реформи од Еврокомисијата.

Од ЕУ порачуваат дека за нив технички не е важно ккао ќе се спроведе договорот, но дека е важно се на маса да се стави, а што да се стори, Унијата одблиску ќе следи и ќе реагира ако некој се обиде да го наруши договорот или ако некои делови од истиот, вклучително и од итните мерки за реформи не се имплементираат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top