Три трансплантации на бубрези од двајца кадавери (лица во мозочна смрт) беа извршени минатата и оваа недела на Клиниката за урологија.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека минатата недела од еден случај бил трансплантиран еден бубрег на еден пациент, а другиот бубрег не можел да се трансплантира од причина што не бил во добра состојба.
– Оваа недела имавме уште еден кадавер од кој се пресадени два бубрега кај двајца пациенти. Станува збор за донори – жена на возраст од 40 години и маж на возраст од 60 години кои беа во мозочна смрт и со согласност со нивните семејства беа донирани нивните органи, рече Тодоров.
Додаде дека со извршените трансплантациите се овозможува продолжување на животниот век на пациентите и значително унапредување на нивниот квалитет на живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.