Со ослободувањето на „Илинденска“, камперите од Слободниот демократски сојуз на Македонија го завршија 60-дневниот штрајк со храбро кампување, херојски пинг-понг, револуционерно слушање музика и противсистемско пеење на „Пада Влада“ пред седиштето на Владата на Република Македонија.
Тие ги поставија шаторите на 17 мај, по митингот на СДСМ на кој најавија „ДОАЃАМЕ“ со дообјаснување дека не само што доаѓаат да кампираат пред Влада, туку и нема да си заминат до оставката на премирот Груевски.
Бидејќи желбата ќе им се исполни на крајот на декември, а следува жежок летен период, тие решија денес да го растурат кампот и авансно да ја прогласат Македонија за слободна земја.
„Симболично, ја ослободуваме Македонија преку ослободувањето на булеварот Илинденско востание како славните илинденци кога ја ослободуваа Македонија преку Крушево. Ветивме дека ќе останеме додека не замине премиерот, и останавме додека тој не вети дека ќе замине, што е, ете така слично. Го повторивме подвигот на славните илинденци кои гинеа за Крушевската Република, а ние гиневме за сенка пред редакцијата на ‘Република’“, велат возбудените кампери.
Дел од нив со солзи во очите се простија од своите камперски другари со кои воспоставија нови пријателства, гледаа филмови, делеа сендвичи, постигнуваа астрални проекции и ги вршеа сите други ултрахеројски камперски задачи со кои го притискаа премиерот да поднесе оставка, како чистење на кампот, варење кафе на плинско и правење шопска.
Едни на други си ветија дека некогаш и негде ќе се сретнат повторно во некој камп, а на ослободената од нив Македонија ѝ порачаа „ЗАМИНУВАМЕ!“, појаснувајќи дека се подготвени во секое време повторно некаде да дојдат, да јадат, пијат и спијат и да заминат за мајка Македонија.
Неколку од камперите дури и предложија да ги остават шаторите до крајот на април наредната година, за во случај да треба повторно да ја ослободуваат Македонија од самите себе. Други предлагаа да доаѓаат еднаш неделно со акустична гитара, дајре и факели и да ја пеат „Пада Влада“ за да не се опушти премиерот и да мисли дека не е под притисок на жестоките кампери.
Револуцијата продолжува после одморите.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст