Во рамки на „Скопско лето“ вечерва, 16 јули, во 20.30 часот во Музеј на град Скопје завршен концерт ќе имаат учесниците на семинарот за виолина, кој во 2009 година го возобновија познатите виолинисти и музички педагози Ана и Олег Кондратенко.
Концертот се одржува во соработка со Музичка младина на Македонија. За семинарот по виолина, кој е наменет за различни возрасти и кој седум години го раководат Кондратенко, има голем интерес од млади виолинисти од Македонија и од странство. Мајсторската виолинистичка школа до пред четири години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје.
– За резултатите на овој семинар – мајсторска школа, зборуваат и мошне квалитетните завршни концерти на кои настапуваат не само млади музичари – во почетоци на своето музичко образование, туку и веќе оформени и пред крај на своето школување виолинисти, кои ја презентираат македонската култура во земјата и во странство. Бројот и квалитетот на учесниците на овој семинар низ минатите пет години ги оправда очекувањата како успешен и делотворен – информира „Скопско лето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст