Повеќето мажи со воодушевување ја дочекуваат сексуалната иницијатива од страна на партнерката. Ако сакате тоа да го направите суптилно, пробајте ги овие фрази со кои ќе го расположите.
„Многу ми недстигаше“ – Ако, како резултат на збир на околности не сте го виделе некое време, оваареченица е потсетник на она што го делите, но и онаа нежна и женствена страна во вас, која отворено ја покажува својата љубов. Мажот кој што ја сака својата партнерка, оваа реченица ќе му биде неодолива секси.
„Вечерва ти си на ред“ – Давањето и примањето се составен дел од секој стабилен и рамноправен однос, а секако секој понекогаш посакува да му се угодува. Вакво уживање во сексуална смисла за повеќето мажи е на врвот на сексуалните желби.
„Дома имам изненадување за тебе“ – Од мали нозе луѓето се научени на зборот „изненадување“ да реагираат со позитивно исчекување. Со оваа порака ќе ги разбудите сексуалните мисли во неговиот мозок и предиграта ќе ја започнете многу порано до самиот чин.
„Потребен си ми“ – желбата и потребата се основните човечки нагони кои во љубовните односи создаваат близина и поврзаност. Со оваа изјава му давате до знаење колку ви значи во емотивна смисла, а што повеќе емоции – сексот ќе биде по страствен.
„Земи со себе и шише вино“ – Со оваа реченица му давате до знаење дека вечерва сакате да уживате. Храната и појалокот често се поврзуваат со добар секс, а виното е познат афродизијак.
„Ти благодарам“ – Малку благодарност, без разлика дали станува збор за нешто што поправил во домот, дали направил нешто што и не било побарано да се направи, јасно му давате до знаење дека го почитувате. Освен тоа, ќе го потсетите партнерот дека сте тим – во спалната соба, но и надвор од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.