| четврток, 6 декември 2018 |

Морисеј доаѓа во Скопје на 16 октомври

Великанот на британската и светската музичка сцена, Морисеј на 16 октоври во Скопје, во СРЦ „Кале“ ќе одржи концерт, соопшти „Авалон“.

Morrisey

Ова е навистина ретка можност во Скопје да настапи музичак од таков уметничко – артистички профил како Морисеј, фронтменот на легендарните „Д смитс“ со кои сними четири култни албуми кои денес се вклучени во сите можни музички енциклопедии. Морисеј има 10 албуми во својата соло кариера и секогаш е на врвот на сите музички топ листи.

„На задоволство на многу фанови во Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Авалон продукција договори концерт на еден од најголемите Британски музичари на сите времиња, Стивен Патрик Морисеј. Едноставно, британски и џентлментски Морисеј на 10. декември 2014 во Белград на Бобан Милошески му вети и го оддржа својот збор дека сака да настапи во Македонија!“, соопшти Авалон продукција.

„World Peace Is None of Your Business”  е последниот студиски албум на Морисеј кој предизвика толку голем интерес во светски рамки што еден од највлијателните музички магазини “New Musical Express” објави специјален број посветен единствено за Морисеј, каде што помеѓу другото го прогласи за артист кој има најдобра и најдостоинствена кариера од сите артисти кои предходно имале бенд.

Магазинот „Music Week”во неделата на објава на албумот, го смени своето име во “Morrissey Week”.

Авалон соопшти дека сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок на 17 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top