Доколку Чешка не биде во можност да го контролира изборот на бегалците кои во земјата треба да се преселат од Италија и Грција, таа ќе се спротивстави на движењата на мигрантите во рамки на ЕУ, изјави денеска директорот на Одделот за азил и миграциска политика на Министерството за внатрешни работи Томаш Хаишман.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Хаишман не очекува брза одлука за точниот број на бегалци кои би дошле во земјата, иако минатата недела Владата донесе одлука да прими 1.500 бегалци до крајот на 2017 година.
– Ние имаме еден интерес. Да примаме само од земјите каде ќе може да испратиме свои луѓе, а не некој да ни избира некого без размислување, рече Хаишман кој изрази подготвеност за работење на проблемот од септември.
Хаишман смета дека членките на ЕУ треба да внимаваат на процедурите за азил во Италија и Грција и оцени дека Чешка сака јасни правила на процесот, во спротивно нема да дозволи прием на бегалци.
– Сакаме да правиме безбедносен скрининг и да имаме средба и разговори со луѓето- рече директорот.
Околу 1.500 Чеси потпишаа петиција, барајќи на европските политички бегалци кои ќе стигнат во Европа, да им се овозможи пристап во постапката за меѓународна заштита или да ја завршат соработката на ограничување на миграциските движења во ЕУ со трети земји, кои имаат низок степен на заштита на човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



