| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Мора да ги почитуваме одлуките на Србија

јенс
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека одлуките на Србија и контактите со Русија мораат да се почитуваат, бидејќи тоа е избор на независна земја и нејзиниот народ.- Искрено верувам дека мораме да ги почитуваме независните одлуки на Србија. Таа е независна држава која сама донесува одлуки и јас тоа го почитувам. Покрај тоа ги почитувам нејзините контакти со Русија, бидејќи тоа е независен избор, на независниот српски народ и секако ги поздравувам блиските односи меѓу Србија и ЕУ- истакна Столтенберг.

Тој ја поздрави можноста Србија и НАТО да ја прошират и развијат соработката, врз основа на ИПАП договорот, кој претставува рамка за натамошна соработка.

– Мислам дека тоа покажува дека овој регион се движи во добар правец, бидејќи сега имаме се понормална, попријателска и поконструктивна соработка со Србија- оцени генералниот секретар на Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top