| четврток, 6 декември 2018 |

Овие 8 јадења се смртоносни ако не внимавате (видео)

„Базфид“ (Buzzfeed) нашле осум од најопасните јадења на светот, кои можат да бидат смртоносни доколку не се приготват како што треба или ако изедете поголема количина од нив.

Некои од јадењата изгледаат страшно, како крв-школките коишто можат да предизвикаат симптоми слични на грип ако се јадат свежи, па дури и хепатит А.

Фугу рибата, која се смета за најголем деликатес во Јапонија, мора да биде подготвена од готвач кој бил обучуван со години за тоа како да ја подготвува оваа смртоносна риба. Доколку готвачот погреши во готвењето, тогаш ризикувате со јадењето да го внесете отровот кој рибата го има во црниот дроб, а кој е 1.000 пати посмртоносен од цијанидот.

Некои други јадења се посекојдневни. Морското оревче, на пример, кој е зачин кој може да се најде во многу јадења, може да предизвика дигестивни болести ако се консумира во преголема количина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top