| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар кај Велес загаден, езерото „Младост“ и реката Бабуна безбедни за капење

Реката Вардар кај Велес е многу загаден и не може да се користи за капење и рекреација, езерото „Младост“ и реката Бабуна се безбедни за капање, а реката Тополка е безбедна само во горниот тек, стои во најновиот јунски извештај од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.

Според извештајот, реката Вардар кај Велес се мери на три места и тоа кај мостот на Башино Село, кај Долни Дуќани и под влив на реката Бабуна и според направените анализи е во петта класа  по бактериолошка контаминација, информира д-р Снежана Петрова специјалист по хигиена.
– Поради тоа строго е забрането, водите на реката  Вардар да се користат од граѓаните за капење, рекреација и наводнување на земјоделските површини, предупредува Петрова.
Согласно најновите испитувања водите на езерото „Младост“, реката Бабуна и реката Тополка во горниот дел се во втора класа поради зголемена матност и сатурација.
– Тие не се штетни по здравјето на луѓето и можат да се користат за капење и рекреација и наводнување на земјоделските површини, изјави таа.
Петрова информира дека реката Тополка во долниот тек пред вливот во реката Вардар е во петта класа на бактериолошка контаминација  и затоа ги предупредува граѓаните во тој дел оваа река да не ја користат за капење, рекреација и наводнување на земјоделските површини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top