| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерно училиште во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Основното училиште за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко” организира вечерна настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале.

– Преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, во следната учебна година ќе биде реализирана програма која ќе овозможи описменување и дооформување на образованието. Наставата, која ќе биде комплетно бесплатна, ќе се одвива во вечерните часови во училиштата на територија на општина Кисела Вода. Бесплатни ќе бидат и книгите и училишниот прибор што е неопходен за одвивање на наставата – информираат од општина Кисела Вода.

Оттаму посочуваат дека во моментов се во тек уписите за оформување на образовните групи.

– Лицата кои се заинтересирани за дооформување на образованието потребно е до Основното училиште за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко“, до Општина Кисела Вода или до месните заедници на ниво на општината, да достават извод од матична книга на родените, лична карта, свидетелство за последно завршено одделение, а за лицата помлади од 15 години е потребно мислење од стручно лице, истакнуваат од локалната самоуправа и додаваат дека наставата ќе започне на 1 септември годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top