По само неколку часа од официјализирањето на учеството во Купот на ФИБА, КК Куманово потпиша едногодишен договор со најдобриот играч Александар Костоски.
Куманово сака да изгради тим кој може да се носи на европската сцена следната сезона. Приоритет на управата на клубот беше да го задржи костурот на тимот, а како прва цел беше македонскиот репрезентативец.
– Со задоволство можеме да објавиме дека Костоски уште една година ќе настапува за нашиот тим. Сакавме најпрвин да потпишеме договор со македонскиот репрезентативец, а потоа да седнеме на маса и со останатите кошаркари што ги планираме. Како што веќе имаме најавено, цел ќе ни биде да го задржиме костурот на тимот од минатата сезона, па со уште неколку засилувања да составиме тим што ќе биде уште поквалитетен и ќе ни помогне да атакуваме на највисок пласман во сезоната што следува – истакнаа од КК Куманово.
Само за потсетување, Куманово претходно потпиша договор со Љубислав Луковиќ, кој се враќа на клупата на клубот по пауза од една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент