Во образование работам 31 година и исто толку време слушам како просветните работници се најголеми неработници со најкусо работно време и најдолг годишен одмор. Но, дали тоа е така?
Заблуда бр. 1 – Професорите ги сакаат поправните испити
И родителите и учениците, а посебно ние наставниците, здивнавме кога заѕвони последното ѕвонче оваа учебна година. Од средината на мај, кога многумина се разбудија и сфатија дека во училиштата не се оценува незнаењето, мамините и татините дипломи и струки, шминката, гардеробата и физичкиот изглед, па до средина на јуни, како и секоја година се вршеше огромен притисок на просветните работници.
Во нашиот и така богат речник, се всели нов збор за таквото однесување – мобинг. Во прашање е секако успехот на ученикот на крајот на годината, а формите на мобинг се различни, од плачење поради заклучените оценки, до вербална и физичка пресметка со наставниците. Кој го преживеа тоа, ќе има за што да раскажува на својот психотерапевт за време на распустот, ако има пари за тоа, а кој не го преживеа, никогаш не се знае, но дај Боже никогаш да не го доживее.
Наставниците, навистина треба да имаат силен ментален склоп да не подлегнат на заканите и уцените. Знам такви наставници, доследни и праведни, кои трпат најголем терор на крајот на училишната година, само затоа што се почитуваат самите и својот труд. Знам и други кои заклучуваат оценки кои се бараат од нив, бидејќи не сакаат да си направат проблем. Кој е тука луд, а кој нормален?!
Ако сме веќе мизерно платени, дали тоа значи дека секој смее својата фрустрација и неизживеана амбиција да ја проектира на нас?
Дали ние наставниците треба да исполнуваме желби, честитки и поздрави или совесно да ја работиме својата работа? Во нашиот речник одамна постојат зборови како: објективност, одговорност, праведност, чесност! Никој не е луд топлото лето да го помине во задушлива училница на температури од над 40 степени за да работи со некој кој навистина не заслужил да оди на дополнителна настава и на поправен испит!
Време е да сфатите дека поправниот испит не е хир, туку се наоѓа во описот на работата и наставниците го мразат, исто како и учениците!
Заблуда бр. 2 – Наставниците ништо не работат за време на распустот
Заблудата број 2 тешко може да се објасни, бидејќи многу работи се невидливи и за учениците и за родителите, а посебно за тетките, стрините, сосетките и сите тие кои си даваат за право, без влакна на јазикот да им кажат на наставниците дека ништо не работат. Тоа ви е како перење на алишта или миење садови, постојано ги перете/миете, а тие се множат. Во корпата за алишта никако не можете да го видите дното, а садоперот е секогаш полн.
Сега е прилика да дознаете, ако сакате, што прават наставниците за време на распустот, а вие тоа не го гледате. И немој потоа некој да ми каже – не знаев!
Силна администрација го дочекува секој наставник, а посебно класниот раководител, по последното ѕвоно во учебната година. Средување на дневникот; матичните книги; пополнување на ученичките книшки; пофалници; пишување на разни завршни извештаи за успехот на учениците, за слично усовршување, за работата во тимови, стручни активности, обединување со самоевалуација и реализација на оперативните планови, реализација на дополнителната настава и слободните активности; реализација на посети и соработка со локалната заедница, културни, научни и стручни институции, спортски клубови; средување на персонално портфолио, ученичко портфолио, портфолио на класниот раководител, средување на училниците, родителски состаноци…
Не ви се чита? Ни мене сето ова не ми се работи, но морав да го завршам додека појдам на годишен одмор!
Е сега, сето погоре наведено за што пишуваме извештаи на крајот на годината, да не го повторувам и да не ве удавам до крај, треба да се испланира пред почетокот на новото училишно ѕвоно до 1 септември. Освен тоа, врз основа на Програмата и планот за работа, годишните и оперативните планови за работа, треба да се прилагоди на своето одделение и да се комплетира со стандардите за секоја наставна единица, а во класната настава фондот на часови е следниот: по 180 часа математика и српски јазик; 108 часа физичко воспитување, по 72 часа природа и општество и ликовна култура, по 36 часа музичка култура, дополнителна настава, слободни активности, изборни предмети и час на одделенскиот раководител. Тука не го сметам странскиот јазик и веронауката, бидејќи тоа го работат предметни наставници.
Значи, за секој час кој ќе биде одржан во следната учебна година треба да се испланираат стандардите и резултатите т.е. знаењето и вештините кои учениците треба да ги усвојат во текот на годината. Ако мислите дека тоа е се, многу се лажете!
Можеби некој сака да пишува, не бранам, но јас не припаѓам во таа група на луѓе. Како што се менуваа министрите, едни оставаа, други додаваа, само козметички промени во вид на нови административни обврски. Никој не се сети да не растовари од нешто, освен моменталниот министер за финансии, кој не растовари од платите.
Значи, сите 828 часа треба да се прилагодат на нивото на предзнаењето на ученикот, а стандардите да се пишуваат на три нивоа: основно ниво на знаење, средно ниво (кое треба мнозинството ученици да го совладаат) и напредно ниво на знаење, а потоа, повторно, за секоја од тие наставни единици да се одредат специфични цели и задачи, тип на настава, наставни методи, средства и облици на работа кои ќе се користат во реализација на часовите, корелација со останатите предмети…
Би сакала и јас, како што многумина мислат, тоа за нас да го сработат малите зелени, навечер додека сите спиеме. Би сакала, но малите зелени заскитале или не постојат. Ќе го оставам својот број на телефон и меилот на редакцијата, па ако сепак постојат, нека ми се јават! Ова е смао дел од тоа што секој наставник треба да го направи пред почетокот на новата учебна година.
Ако ви беше здодевно додека читавте, замислете како ни е нам додека го сработиме сето тоа.
Додаток на заблудата бр. 2 – Она што не мораме, а сепак го работиме
Иако распустот официјално почна и наставниците наводно ништо не работат, колешка од советот и јас овие години ги подготвуваме учениците за настап на карневалот во Панчево, еден од најголемите и најубавите настани во нашиот град.
Заблуда бр. 3 – Наставниците имаат три месеци годишен одмор
А, сега следни најтешкиот дел од работат. На „неверните Томи“ да им биде полесно да сфатат, ќе се обидам тоа да го направам во форма на математичка задача.
Задача за основно ниво на знаење, која е во состојба да ја реши секој ученик од трето одделение основно училиште, па и од второ, но на поинаков начин, може да гласи: Последниот ден од наставата е во петок на 12 јуни. Колку дена трае распустот за учениците, ако знаеш дека првиот ден на училиште е вторник 1 септември? Многу мои ученици задачата би ја поставиле на компјутер вака:
Јуни: 30 – 12
Јули: 31
Вкупно дена распуст = ?
(30-12) + (2 x 31) = 18 + 62 = 80
Одговор: Распустот за учениците трае 80 дена.
Значи, сите ученици би знаеле да пресметаат колку ВКУПНО дена се на распуст.
Тогаш можам да им додадам потпрашање.
Ако знаеме дека работната недела трае пет дена, сабота и недела не одиме на училиште, колку вкупно работни денови трае распустот за учениците?
Овој дел од задачата сите ученици не се во состојба да го решат, туку тие понапредните. Ќе забележат дека петок последниот ден на училиште, ден пред викендот, а вторник прв (2 дена по викендот во август). Врз основа на тие два податоци лесно би пресметале дека во јуни имаат три викенди, во јули четири, и во август пет.
Од вкупниот број на денови би го одземале секако бројот не неработните денови.
80 – 2 x (3+4+5) = 80 – 2 x 12 = 80 – 24 = 56
Одговор: Распустот за учениците трае вкупно 56 работни дена.
Како и да сврти човек, ни за учениците, а најмалку за наставниците, распустот не трае три месеци.
Годишниот одмор, кој е право на секој вработен, во мојот случај трае 31 работен ден, што може да се види од Решението за годишен одмор.
Од 6 јули официјално сум на годишен одмор и се за што треба да мислам, ќе мислам по 17 август.
Жал ми е што ги разочарав сите кои верувате во теоријата за три месеци одмор за просветните работници. Искрено, знам дека малкумина се такви, но многу се гласни.
За разлика од многумина кои можат да одберат време на користење на годишниот одмор, па веќе искористија поповолни аранжмани во јуни или ќе ги искористат во постсезоната, ние немаме можност за избор. Годишниот го користиме во целост, во текот на летото, во сезона кога сите аранжмани се пополнети и најскапи. Веќе некое време се обидуваме да најдеме поволно сместување во околината на Котор.
Резултат: она што ние го сакаме и што ни сака срцето, прескапо е за нашиот џеб, а останатото е букирано.
Тој меил во редакцијата и натаму е актуелен. Ако знаете некој, кој баш нема никој во почетокот на август, а сака да издаде апартман… ма знаете како оди тоа.
За добар успех важен е добар колективен дух
Мило ми е што сум дел од колектив што умее да се дружи и да извлече максимум од дадената состојба. Знаеме да работие, а за тоа сведочат дипломите на нашите ученици кои ги освоија во оваа училишна година, 213 први, втори и трети места, на општинско, окружно и државно ниво на напревари (четири од тие 213 припаѓаат на мои ученици), а и втори сме во градот по резултатите од приемниот испит иако бевме во штрајк (толку за тоа дека наставниците ништо не работат за време на штрајк), но умееме и да се учипиме и колективно некаде да отпатуваме или да направиме журка.
Така и оваа година, по обврските кои не можеа да почекаат, а пред тие кои можат, два дена ги поминавме во Гоулубац. И пред препораката на премиерот, ја посетувавме Србија, па се надеваме дека и тој ќе го исполни ветувањето и ќе врати дел од платите кој неправедно ни беше одземен.
Не, не сме ние мини училиште, имаме над 80 вработени наставници, но фешта правиме секогаш кога има можност, па по последната седница, се почестивме со рибја чорба, која ја зготви наш колега, а имавме и торти.
И на крај
Не е ова Министерство прво кое отворено застана против просветните работници. Омаловажувањето на професијата и угледот на вработените во просветата почна во 90-тите години од минатиот век и ова е само продолжение на државната политика кон образованието. Со таквиот однос, наставниците се сведени на ниво на евтини беби-ситерки, трпејќи неоправдано критики и понижување на целото општество.
Не треба да се биде многу паметен, па да се види дека образованието е последна дупка на свирчето на секоја владејачка партија. Последиците ќе бидат катастрофални во иднина. Финците одамна сфатија дека нема просперитет на земјата без инвестиции во образованието, а ние измислуваме топла вода.
Нема такви џуџиња, таков министер, ни член на Владата кој може да го намали и обезвредни мојот труд, колку и да се трудат.
А кога во посета ќе ми дојдат поранешни ученици и со мене ќе ја споделат својата визија за иднината, поголема среќа за мене како наставник, нема. Она што го гледам во очите на тие деца, а го чувствувам во срцето (некои од нив се возрасни луѓе кои имаат свои семејства) и тогаш знам дека тоа е единствен покренувач кој постојано ме покренува да бидам подобра.
Таа размена на добра енергија нема цена!
Извор: Бука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст