Во Кинотека на Македонија денеска премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Вања“/со маки сум се родила/.
Документарниот филм е посветен на животот и делото на легендарната певица Лазарова.
Реализацијата на филмот е на продуцентската куќа „Медиа броадкастинг“ и Агенцијата за филм на Македонија.
Вања Лазарова испеала стотина македонски изворни народни песни, од кои најголем дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има работено во Операта при МНТ, била член на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ и настапила на голем број концерти низ светот. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ за музиката за филмот „Пред дождот“, кој во 1994 освои „Златен лав“ во Венеција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.