Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС) денеска организира свеченост по повод реализацијата на инвестицискиот проект во изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево во село Србјани.
Во производствениот капацитет во кој ќе се произведуваат воздушни перничиња за автомобили е најавена инвестиција од 20 милиони евра и 800 работни места.
„Ки сејфти системс“ е светски лидер во дизајн и производство на автомобилски сигурносни системи. Нивните производи се дел од повеќе од 300 модели автомобили. Компанијата има меѓународна мрежа од 29 продажни и производствени капацитети и 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.