| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Договорено е да има избори

dogovor han kriza 3 (Custom)
Со аплауз од страна на учесниците во тешките и долги разговори беше поздравен договорот со кој Македонија се очекува да излезе од повеќемесечната политичка криза. Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека е договорено да има избори, без да прецизира кога тие ќе се одржат. Сепак тој нагласи дека е постигнат договор кој ќе значи напредок на Македонија.

-Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи. Треба да сме горди на лидерите, рече меѓу другото еврокомесарот.

Политичките лидери не дадоа изјави. Преговорите почнаа уште во текот на претпладневните часови и тоа во седиштето на Мисијата на ЕУ во Македонија. Првично еврокомесарот Хан, придружуван во тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Кукан се сретна со лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top