Откриен е нов водопад над локалитетот „Смрдлива вода“. Членовите на планинарското друштво,„Кожуф“ од Гевгелија со помош на ентузијасти денеска ја пробија патеката до еден од можеби најголемите водопади во Македонија што до сега бил апсолутно непознат за гевгеличани.
Претседателот на гевгелиските планинари Александар Костадиновски информира дека атрактивниот водопад со височина од стотина метри се наоѓа на 850 метри надморска височина над планинското одморалиште „Смрдлива вода“.
– Она што понатаму ќе следува како наша активност ќе биде мапирањето на планинарската патека до водопадот и нејзино внесување во македонскиот регистар на планинарки патеки, изјави Костадиновски.
Одморалиштето „Смрдлива вода“ од Гевгелија е оддалечено 24 километри. Минералната вода по која локалитетот го добил името е позната по нејзината лековитост за заболувања на стомачниот тракт, желудник и бубрези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст