| четврток, 6 декември 2018 |

Од први септември нов концепт за матура и екстерно

Од први септември нов концепт на државна матура и екстерно тестирање, најави министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.

maturanti test

Тој ќе ги направи сите напори на заедничка маса да ги седне професорите, родителите и ученците.

-Од последните резултати од државната матура видиовме дека учениците имаат подобри резултати од лани. Не беа залуди нашите инсистирања таа да остане задолжителна и натаму сметаме дека тоа беше добар потег – изјави министерот Адеми.

Точка која нема  да се разгледува се отказите на наставниците. Адеми вели дека тоа не било дел од преговорите со СОНК. Останува на сила, престанок на работниот однос доколку  наставникот две години по ред оценувал нереалнно и нема поклопување со оценката која ученикот ја добил на екстерното тестирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top