Австралијката Џоди Меги е уапсена во Абу Даби поради својот пост на „фејсбук“ а сега ѝ се заканува и депортација.
Таа е уапсена со обвинение дека „пишувала лоши зборови“. Меги на „фејсбук“ објави фотографија на погрешно паркиран автомобил.
Пред пола година Меги фотографирала автомобил паркиран на место предвидено за лица со хендикеп, а паркираниот автомобил ја немал потребната налепница со која се докажува дека тој автомобил е на лице со хендикеп.
Судот во јуни ја прогласи Меги за виновна поради „ширење лоши зборови“.
Таа живее во Абу Даби од 2012 година, каде што предавала сликарство.
Во целиот случај се вклучиле и австралиските власти, а таа би можела да биде депортирана во својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.