| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановка се обидела да се самоубие, скокнала од мост над автопатот Куманово-Табановце

кола

Средовечна жена се обидела да си го одземе животот денеска околу 11.30 часот скокајќи од Бедински мост над автопатот  Куманово-Табановце.

Случајни минувачи ја виделе жената која лежи на  автопатската лента,и се уште давала знаци на живот. Веднаш биле повикани  екипи на Итнта медицинска помош и полиција.
– Жената се здобила со скршеници на карлица ,долен и горен екстремитет, повреди има на главата,градскиот кош,има тешки повреди и мора да се упати на терцијално лекување – изјави доктор Методија Димковски хирург во општа болница Куманово.
Од кумановската полиција го потврдија случајот и информираа дека станува збор за 54 годишна жена со иницијали В.Ј од населбата „Бабин Дол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top