| четврток, 6 декември 2018 |

Капело ги „одра“ русите, за раскин на договорот ќе добие 15 милиони евра

Славниот италијански тренер Фабио Капело го раскина договорот со Руската фудбалска федерација. Капело за предвремен раскин според договорот треба да добие околу 25 милиони евра, но Италијанецот се согласил на обештетување од 15.
Тој беше најплатениот селектор во светот со годишна заработувачка од осум милиони евра по сезона. Ја водеше репрезентацијата на Русија во квалификациите за СП 2014, а по настапите во Бразил го продолжи договорот на уште четири години.
По неочекуваните резултати во квалификациите за ЕП 2016, притисокот над Капело од руската јавност порасна, му каснеше и платата, а за него се зборуваше и во руската „Дума“.
Со се платите кои му доцнат и обештетувањето Капело треба да заработи дополнителни 30 милиони. По овој отказ се очекува 69-годишниот тренер да ја заврши кариерата, но можно е тоа да го стори во некој клуб.

Тој беше тренер на двапати во Реал Мадрид и Милан, а ги водеше уште и Рома, Јувентус и националните селекции на Англија и Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top