Двајца од петмината уапсени, кои се осомничени за подготовка на терористички напади во близина на езерото Бадовац во Косово, се припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и во текот на 2013. и 2014. година учествувале во воените судири во Сирија, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“, пренесува МИА.
Весникот наведува дека уапсениот Бесник Латифи (38) од Косовска Митровица двапати бил во воената зона во Сирија. Во истиот временски период бил и другиот осомничен Газменд Халили (31) од Ајвалија.
Петмината осомничени се уапсени во утринските часови во саботата во близина на езерото Бадовац. „Зери“ пренесува дека на сите езера и фабрики за вода во Косово се зголемени безбедносните мерки, а експерти за хемија сметаат дека се многу мали шансите да се затруе водата во било кое езеро на Косово без употреба на големо количество токсични материи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот