Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ќе се обиде да блокира каков било обид на Европската унија да ја вклучи британската фунта во новата програма за финансиска помош за Грција.
Озборн нагласи дека неговата земја не сака да учествува во рефинансирањето на Грција. Тој ова го изјавил во телефонски разговори со неговите колеги пред денешната средба на Еврогрупата во Брисел, пишува весникот „Фајненшл тамс“.
– Колегите од еврозоната добија силна и јасна порака, која гласи дека не е прифатливо да се промени во овој случај британската позиција во однос на европските програми за финансиска помош – посочи извор од британското Министерство за финансии.
– Идејата британските даночни обврзници да придонесуваат за таа спогодба со Грција е уште отсега осудена на пропаст – изјави истиот извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.