| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сараево повредени полицајци и навивачи, Полјаците извикувале „Ова е Србија“

bosna

Во пресрет на квалификацискиот дуел (вечер од 20:45) од фудбалската Лига на шампионите меѓу Сараево и Лех од Полска, низ улиците на главниот град на Босна и Херцеговина синоќа се случија неколку судири меѓу навивачите на двата клуба при што има 18 повредени, меѓу кои и деветмина припадници на тамошната полиција. Повредени се седум навивачи на полскиот клуб, и неколку навивачи од Босна. Уапсен е еден државјанин на БиХ.

Босанските медиуми јавуваат и за причинета голема материјална штета, уништени возила, демолирани дуќани и други деловни и станбени објекти. Наводно навивачите од Полска извикувале „Ова е Србија“.

Целосно е уништен и еден автобус со кој во Сараево допатувале полските навивачи.

Официјалните лица од службите за безбедност на БиХ изјавија дека постои можност учесниците во инцидентот од Полска да бидат протерани од земјата, а за тоа најавен е и разговор со полскиот конзул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top